iPult



Хотел Сончева Порта

Хотелот “Сончева Порта“ кој работи во рамките на “Охридија“ Доо Охрид се наоѓа во непосредна близина на Охрид – на 1500 метри од центарот на градот и е расположен на една прекрасна висорамнина со 850 метри надморска височина. Ваквата местоположба овозможува да се ужива во прекрасната глетка на градовите Охрид и Струга, посебно на Охридското езеро и воопшто на целиот Охридско-струшки регион. Фасцинантно делува надворешниот изглед на хотелот, кој љубоморно ја чува внатрешната содржина, која пак не може да се открие се додека не влезете внатре. Мирна атмосфера надвор од градската врева. Тоа ќе ви го овозможат прекрасните соби и апартмани кои се современо опремени со мини бар, ТВ и други пропратни хотелиерски елементи. Хотелот е опкружен со бујна вегетација, а планинските трим патеки даваат можност за целосно рекреирање. За комплетен одмор и разонода ВЛЕЗЕТЕ ВО ХОТЕЛОТ “СОНЧЕВА ПОРТА”

Контакт инфо

Лице за контакт: +38946260447

Адреса: naselba Cekostina bb, 6000 Ohrid

Работно време: 00-24