iPult



Хотел Турист

Хотелот "Турист" е изграден и отворен во 1986г. како анекс на хотелот "Метропол". Комплетно е реновиран во 2007 година. Хотелот ја има истата архитектура како и Метропол и двата хотела се поврзани со внатрешен коридор и гледано однадвор, изгледаат како еден хотел, со воодушевувачки стил. Хотелот "Турист" е составен од 5 спрата: приземје и 4 спрата. Хотелот има 88 двокреветни соби со 176 кревети. Сместувачкиот капацитет покрива површина од 3.000 м2. Хотелот е во фаза на реновирање и добива категоризација врз основа на законските регулативи како хотел од трета категорија со 3 ѕвездички.

Контакт инфо

Лице за контакт: 38946203000

Адреса: Населба Коњско ББ

Работно време: 24/7/365