iPult



Куќата на Робевци

Сместен е во куќата на семејството Робевци, на улицата Самуилова, ремек - дело на градската архитектура на Охрид од XIX век, на која и припаѓаат одреден број куќи во ритчестиот дел на градот, кои ги проектирале градители од околината на Дебар. Музеј во Охрид постоел уште во почетокот на XVI век. Тоа бил Архиепископскиот музеј во црквата Св. Богородица Перивлепта, кој бил расформиран во 1916 година. Сегашниот музеј е формиран во 1951 година. Тој е еден од ретките музеи во Република Македонија, чии збирки се наоѓаат во повеќе објекти: во куќата на семејството Робевци, семејството Уранија, на илинденскиот револуционер Христо Узунов, во управната зграда на Заводот и Музејот, како и во музејскиот комплекс кај црквата Св. Богородица Перивлепта, каде што се наоѓа Галеријата на охридски икони од XI до XIX век. Народниот музеј располага со археолошки збирки во кои се наоѓаат предмети од праисторијата, античкиот период и средновековниот период на Охрид. Има богата збирка на охридски икони, нумизматичка збирка на околу девет илјади монети од античкиот период до доцниот среден век, предмети и документи од периодот на Преродбата, Илинденското востание и Народноослободителната борба.

Контакт инфо

Лице за контакт: 046/267-173

Адреса: Samoilova 60

Работно време: 10:00-14:00 18:00-21:00