iPult



ХОТЕЛ КОЦАРЕВ

Хотел Коцарев се наоѓа два километри од Охрид, на автопатот Охрид - Скопје. Неговата локација и природните опкружувања нудат единствена атмосфера што го задоволува секој гостин; близината на планината и езерото се само дел од понудата што ја нуди овој хотел за совршен одмор. Хотелот нуди удобно сместување во 2 единечни, 23 двокреветни и 10 трокреветни соби. Сите соби се модерно опремени, вклучувајќи САТ-ТВ, биро, телефон и интернет конекција. Капацитетот на ресторанот е 350 гости. Се служи разновидна храна: традиционална македонска и интернационална кујна. Отворените тераси се пристапни најголем дел од годината каде што можете со часови да уживате во сонцето преку ден, или со пијалок во пријатните летни ноќи. Располага со отворен базен иСала за организирање состаноци и семинари и капацитет од 100 посетители Се нудат следните услуги: перење и пеглање алишта, паркинг (достапен преку целиот ден и надгледуван со монитори 24/7), брза Wi-Fi конекција. Ресторанот е целосно климатизиран. Хотел Коцарев Ви посакува пријатен престој!

Контакт инфо

Лице за контакт: 046263482

Адреса: Св Еразмо Охрид

Работно време: 0 - 24