iPult



Diplomat

На само 800 м. од центарот на древниот и историски дел на Охрид и на 150 м. Од брегот на Охридското Езеро, во близина на познатите Билјанини Извори и спортскиот центар, на нашите гости им нудиме тивок и пријатен престој. Посететеги прекрасните плажи на само 10 мин. пеш од хотелот и уживајте во прекрасниот поглед на езерото и стариот дел на градот. \r\n Хотел Дипломат ви нуди удобен престој во 18 трокреветни и 11 двокреветни соби со тераса. Собите се просторни и опремени со кабелска ТВ (54 канали), централен систем за греење и ладење, безжичен интернет, телефон.\r\n Во нашиот ресторан со 80 седишта со прекрасен ентериер и летна тераса со 40 седишта со прекрасна градина, ќе ги пробате сите национални и интернационални специјалитети. Овде може да уживате во звуците на Македонската традиционална музика, како и во прекрасните изведби на македоски ора, организирани на ваше барање. \r\n Хотел Дипломат располага со семинарска сала со капацитет за 70 гости каде може да ги организирате вашите работни состаноци, конференции, советувања од домашно и интернационално ниво. Семинарската сала се наоѓа на 4тиот спрат со поглед на стариот дел на градот и езерото и е целосно климатизирана, опремена со прожектор, видео бим, звучници, компјутер и интернет.\r\n\r\n

Контакт инфо

Лице за контакт: Tel: 046 250 308 Fax: 046 231 980

Адреса: Partizanska D-14, 6000 Ohrid

Работно време: 00.00-24.00