iPult



Ројал Вју

Доживејте мигови на пријатна и опуштена атмосфера во ресторанот на „Ројал Вју“. Вашето кулинарстко искуство ќе биде збогатено, а храната е уникатно припремена од најреномираниот готвач на нашите простори. Без разлика дали Ве освежува утринското ветре за време на доручекот, попладневното кафе или вечера придружена со серенади во живо, Вашиот престој на летната тераса ќе биде неверојатно релаксирачки. Уживајте во привлечно изложените вкусови и високо квалитетниот асортиман на храна за доручек на Шведската маса во ресторанот, релаксирајќи се со импресивниот поглед кон Охридското Езеро. Препуштете се на примамливите ароми на нашата кујна кои се шират од нашиот префинет крајбрежен ресторан. Искусете го извонредниот талент на шефот на кујна Миле Кипаризовски со неговите специјалитети на интернационалната кујна која Ви овозможува посебно, ненадминато искуство на Вашите сетила.

Контакт инфо

Лице за контакт: +389 46 263 072

Адреса: Јане Сандански бр 2 Jane Sandanski no.2

Работно време: 08:00 - 11:00