iPult



Hotel Makotekс

Хотелот Макотекс сместен во населбата Лагадин, на само 5 километри од Охрид, со убава и просторна плажа има прекрасна местоположба во низата на хотели на охридскиот брег. Хотелот е сместен во зелинило и со восхитувачки поглед на езерото и на планината Галичица.Располага со 25 соби (дво, три и четврокреветни) со капацитет од 62 легла. Хотелот има ресторанска и банкет сала и соодветна опрема за деловни состаноци. Според својот капацитет и можности, хотел Макотекс е посебно погоден за семеен туризам, престој на помали туристички групи, и за одржување на семинари и слични состаноци.Хотелот Макотекс има плажа „Зелен рај“ со околу 100 метри должина. Плажата е со ситен камен и целосно опремена. Како што името кажува плажата е единствена со длабоките сенки за оние што сакаат помалку сонце.

Контакт инфо

Лице за контакт: +38946 611 249 +38976592900

Адреса: nas.lagadin ohrid oblast.makotex@hotmail.com

Работно време: 00-24