iPult



Хотел "СИЛЕКС "

Хотел Силекс се наоѓа во туристичкиот комплекс Св.Стефан, оддалечен 4 км од центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид - Св.Наум. Хотел Силекс се простира на самиот брег на Охридскотот Езеро и располага со сопствена плажа. Ова спокојно пространство од бел песок и кристално сина езерска вода е резервирано за гостите на Хотел СИЛЕКС . Mora да се напомене дека хотелот е целосно реновиран , со нов изглед и со услуга која ке ги исполни сите ваши очекувања и желби. Најголема препознатливост на хотел Силекс е базенot на отворено, каде гостите имаат можност да уживаат во најразлични анимативни содржини во текот на денот и вечерните часови : игри на вода, концерти на музички ансамбли и театарски групи , избор на летна убавица и Мис на Македонија, а сето тоа придружено со послужување на храна и пијалоци на највисоко ниво. Миксот на релаксирачки амбиент, одличната локација и препознатливиот квалитет, го прават Hотел Силекс вистински избор за различни категории на гости. Вкупниот капацитет на хотел СИЛЕКС е 104 реновирани соби, декорирани во современ, лежерен стил, со 12 апартмани од кои 2 се претседателски . Изберете меѓу пријатниот амбиент на гостинските соби или пространите и луксузни апартмани. Собите во хотелот располагаат со сопствена бања, пространи тераси, LCD TV,, клими, mini bar, кабелска телевизија,бесплатен безжичен интернет пристап и директна телефонска линија. Ресторанот e комплетно реновиран и располага со вкупен капацитет од околу 400 седишта и погодen e за организирање на разни свечености. Се нуди најразличen избор на специјалитети, почнувајќи од традиционалната македонска трпеза ,па се до интернационалните кујни. Хотел Силекс располага и со 5 конгресни сали, со капацитет од 30 до 200 лица, каде постои можност за одржување на разни собири, состаноци и семинари. Следува и дополнителна опрема: LCD проектор, платно, Flip Chart, скенер, принтер, бесплатен бежичен интернет пристап. Повелете, Ве очекуваме !!!    нас. Свети Стефан Охрид, Р. Македонија Tel: +389 46 277 300 Faks: +389 46 277 304 e-mail: hotelsileks@t-home.mk www.hotelsileks.mk

Контакт инфо

Лице за контакт: 00 389 46 277 300 fax: 00 389 46 277 304

Адреса: Населба Свети Стефан - Охрид

Работно време: 24 h