iPult



Адора Инженеринг

Резиденцијалниот елитен станбен комплекс Билјани Извори-Охрид АДОРА Инженеринг го изгради по сите светски стандарди за сигурно и квалитетно домување. Нудиме на продажба елитни станови за функционално, современо и удобно живеење во урбана средина на фрекфентна локација, со идеални услови за одмор и рекреација. Објектот има прекрасен панорамски поглед на градот, Охридското Езеро, црквата Свети Јован Канео, Самоиловата тврдина, Плаошкиот рид и планината Галичица. Во непосредна близина е туристичкиот локалитет Билјанини Извори, кејот на Охридското Езеро, каналот-паркинг за пловни објекти Студенчишта , градските плажи и спортско – рекреативниот центар Билјанини Извори, со спортска сала и терени, градски базен и други содржини. Станбениот објект е сместен на влезот од Националниот парк Галичица, каде почнуваат пешачките пакети и се поставени информативни табли, кои вљубениците во пешачењето и рекреацијата во природа, ќе ги однесат директно на падините на Галичица. Станбениот објект на АДОРА Инженеринг е сместен на булеварот Туристичка, главната сообраќајна артерија во Охрид, низ која минуваат сите патишта и сообраќајници низ градот, неговите влезни и излезни пунктови, кој е поврзан со сите позначајни инфраструктурни објекти, што многу ќе им го олесне секојдневното функционирање и животот на станарите.

Контакт инфо

Лице за контакт: 075 244 244

Адреса: Беј Бунар, Билјанини Извори

Работно време: 08-16