iPult



Св. Софија

Добредојдовте во еден од најлуксузните хотели во Охрид! Вила Света Софија е хотел, создаден да ви овозможи пријатно опкружување и релаксирачка атмосфера идеални за создавање трајни спомени. Лоциран во срцето на стариот дел на Охрид, во близина на езерото и црквата Света Софија нашиот хотел има прекрасна позиција за запознавање на убавините на Охрид.Надворешниот изглед на хотелот е комплетно дизајниран архитектонски да наликува на старите охридски куќи чиј препознатлив изглед е под заштита на УНЕСКО. Интериерот е декориран во традиционален, елегантен стил што е најдобро претставено преку рачноизработените дрвени резби како и рачно ткаени теписи, но исто така не изоставуваат и модерните технолошки уреди и прекрасни лустери од Мурано стакло. Вила Света Софија е рангирана "Број Еден Хотел во Југозападна Македонија" според TripAdvisor како и "Топ Избор Хотел во Македонија" според Lonely Planet.

Контакт инфо

Лице за контакт: +389 46 254 370

Адреса: Ул. Коста Абраш бр. 64, 6000 Охрид, Македонија Str. Kosta Abras 64, 6000 Ohrid

Работно време: 24/7