iPult



БАЛКАНСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ

Во развојот на културната историја на Охрид и Македонија, посебен печат и особено значајна улога има одржувањето на културната манифестација: Балкански фестивал на народни песни игри, од 5-10 јули, секоја година. Балкански фестивал на народни песни и игри, за првпат, одржан е од 20 јули до 15 август 1962 год. Под името “Охридски фестивал на аматерски ансамбли на народни песни и ора”. Во 1968 год. е преименуван во “Балкански фестивал на народни песни и игри” под кое име и денеска трае. Заради својата концепција и нејзината реализација Фестивалот стана висок ценет и респектиран во светот. На тие основи асоцијациите на УНЕСКО: ЦИОФФ и ИОФ, во 1977, 1979 год. Фестивалот го примија за свој член. На Балканскиот фестивал на народни песни и игри учествувале над 50 илјади уметници самодејци од Австралија, Австрија, Албанија, Англија, Аргентина, Босна и Херцеговина, Бугарија, Белгија, Германија, Грција, Египет, Индија, Италија, Канада, Кипар, Колумбија, Летонија, Молдавија, Нигерија, Норвешка, Португалија, Романија, САД, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Финска,Франција, Холандија, Хрватска, Чешка, Словачка, Шведска, Шпанија и МАКЕДОНИЈА.

Контакт инфо

Лице за контакт: +389 (0)46 261 063

Адреса: Македонски Просветители 4,6000 Oхрид

Работно време: 08:30 - 16:30