iPult



ОХРИДСКО ЛЕТО

ОХРИДСКО ЛЕТО Најголемата музичко сценска манифестација во Република Македонија, Фестивалот Охридско лето постои веќе 46 години. Овој фестивал не случајно почнал во Охрид затоа што е духовната престолнина на Македонија, покрај другите вредности што ги поседува, ја заслужуваше и оваа културна вредност и со тоа да може да се продолжи вековната традиција на древниот град со сите негови културно-историски, духовни и архитектонски монументи. Датумот на неговиот почеток е 4 август 1961 година. На тој ден во катедралната црква Света Софија во Охрид (11век) со прекрасна акустика, се одржа првиот концерт. Концертот го одржа првенката на Македонската Опера, Ана Липша-Тофовиќ во пијано придружба на Ладислав Перлдик и со тоа дефинитивно се потврди оправданоста на сите дотогашни напори и желби Охрид да ја добие манифестацијата која ќе биде од огромно значење за севкупното културно живеење во Р.Македонија. Фестивалот е со термин на одржување од 12 јули до 20 август водејќи се, секако, од потребата през летниот период да се презентираат разновидни културни програми. Покрај црквата Света Софија,Фестивалот користи неколку летни сцени кои со својата амбиенталност и атрактивност овозможуваат фестивалската публика да ужива во прекрасни театарски и музички остварувања.

Контакт инфо

Лице за контакт: +389 (0)46 261 304

Адреса: ул. Македонски просветители 4, 6000 Охрид, Македонија

Работно време: 08:30 - 16:30