iPult



Хотел Александрија

Хотел Александрија е сместен на брегот на прекрасното Охридското Езеро во срцето на градот. Хотелот располага со 13 хотелски соби и 2 делукс апартмани елегантно декорирани со многу погодности за пријатен престој . Секоја соба е опремена со ТВ приемник, кабловски програми, интернет, минибар, директна телефонска линија, автоматски клима уред, купатила целосно опремени со тоалетна галантерија, туш кабини, противпожарен алармен систем, 24 часа рецепција,сопствен паркинг обезбеден со сигурносни камери. Хотелскиот ресторан е со прекрасен поглед,ке уживате во прекрасната вкусна храна и новиот реновиран амбиент. Ќе бидете воодушевени од неверојатниот спој на природните и културно-историски богатства: антички споменици, цркви, музеи, сето тоа надополнето со прекрасен поглед кон езерото.

Контакт инфо

Лице за контакт: +389 46 258 860

Адреса: Коста Абраш бб Охрид Македонија

Работно време: 0-24