iPult



Т.А. АТЛАНТИС - ОХРИД

Т.А. Атлантис-Охрид секогаш завзема солидно место и сериозен пристап во туристичката дејност. Од своето постоење, па до денес Атлантис е препознатлива агенција по својот перманентен растеж во речиси сите сфери на локално и меѓународно рамниште. Се одликува со ексклузивни и висококвалитетни аранжмани и квалифициран кадар за различни профили. Стратегија на Атлантис е континуирано да ги подобрува сите свои процеси од својата дејност: Сектор за развој: Развој на нови продукти и маркетинг; Претставништва и суб-агенти; Букинг; Сектор за продажба: Класична(шалтерска) продажба; Авио билети; Корпоративна(директна) продажба; Сектор за превоз: Превоз на патници; Одржување на возила; Сектор за поддршка: Финансии и сметководство; Човечки ресурси и прави работи; Одржување на опрема и простор; Со воведување на систем на организација со квалитет се трудиме на поголема одговорност и свест на нашите вработени при исполнување на обврските и надлежностите, зголемување на степенот на задоволување на барањата на корисниците и континуирано унапредување на квалитет и ефикасност. Нашите обврски ги исполнуваме следејќи ги процедурите за квалитет и со тимска работа следејќи ги целите за квалитет сврзани со сите идентификувани процеси предводени од највисокото раководство. Политиката за квалитет взаемно е поврзана со политиката во нашата агенција и затоа во нејзина основа е: Грижа и мотивација на нашите вработени преку давање на континуирани обуки, подигнување на свеста преку организациски методи за квалитет и овозможување на максимално прилагодливи услови; Професионален однос, комуникациски вештини и постојана грижа да ги задоволиме барањата на нашите корисници и да ги надминеме нивните очекувања; За работната средина се грижиме со посебно внимание. Модерни системи и современа технологија за континуирана следливост и организираност со што на нашите кортисници им нудиме најдобар можен квалитет; Нашиот успех во нагорна линија беспрекорно го следиме судејќи по препознатливоста на туристичката сфера, судејќи по годините зад нас (постоиме од 1995г.), иновацијата, постојаноста пронижена со растеж и богата понуда на активности, големи проекти акредитирани и признаени од високо поставени инстанции; Секако, не на последно место, наша инспирација и наша водечка сила е нашата лојална и верна клиентела и долгогодишни партнери. Нивното задоволство и нивниот повратен одговор се наше мерилo да ги унапредуваме и прошируваме нашите надлежности.www.atlantis.mk

Контакт инфо

Лице за контакт: +389 46 262 212

Адреса: Бул.Туристичка 3/4 зграда Ремис (кифла)

Работно време: Пон-Петок од 08.30 - 19.00.. Сабота од 09.00 до 16.00