iPult



Хотел Инекс Горица

Хотел Инекс Горица претставува една заокружена целина како уникатен сместувачки капацитет и хотел со изворедна и несекојдневна локација на Охридското крајбрежје, препознатлив со традиција долга од 50 години. Хотелот со неговата местоположба во прекрасната борова шума над Охридското езеро, и безценетиот поглед кој го пружа, покрај услугите кои ги нуди за сместување, сите овие години успешно обезбедува максимално квалитетна и врвна услуга, вкусна храна и традиционално македонско гостопримство за сите гости и посетители кои со години ја негуваат својата доверба. Хотел Инекс Горица располага со 117 соби, 6 Јунуор апартмани и 2 Претседателски апартмани. Исто така располага со ресторан со 350 седишта, Аперитив бар кој работи 24/7, и 5 сали од кои една конгресна сала - Дијамантска сала, и 4 помали сали: Златна сала, ВИП сала, Бордо сала и Плава сала. Во последно време, се наметнува потребата за реализација на елитен конгресен туризам за што просторно и технички хотелот е екипиран, успешно и во целост да ги организира и реализира различните видови семнинари, конгреси и конференции од национален и интернационален карактер. Дополнителни услуги кои се достапни на гостите во вид на сауна, просторија за масажа, тениски терени, трим патеки, уредена плажа, сопствен паркинг, рент а кар услуги, организирање на разни свечености, спортски подготовки, тренинзи организирање посети на разни културно уметнички знаменитости и друго.. Ако сакате да поминете незаборавни и несекојдневни мигови во вашиот живот посетете ги нашиот хотел - ИНЕКС ГОРИЦА.

Контакт инфо

Лице за контакт: +38946277520

Адреса: Наум Охридски 5-7 6000 Охрид

Работно време: 00.00-24.00