iPult

VILA MAL SVETI KLIMENT

Цена: 3321 ден.
Локација: Стар Град

Вила „Мал Св. Климент“ е ексклузивна Вила со 4 звездици. Лоцирана во срцето на стариот дел на Охрид, во непосредна близина на Долна Порта во тивка уличка без сообраќај на само 50 до 100 метри од езерото, градскиот поштад и најексклузивните кафеа и ресторани. Изградена во духот на вековната староградска охридска архитектура, но сепак во чекор со модерните трендови на живеење и работење. Вила „ Мал Св. Климент“ располага со седум соби , од кои 4 се луксузно опремени со простор за спиење и дневен престој 2+2 кревети и балкон со прекрасен поглед кон езерото, пристаништето и кејот. Две соби се со 2+1 кревет, и една соба со француски лежај. Собите се опремени со мебел од рачна изработка, со совршено вклопени рачно резбани апликации. Секоја соба располага со плазма ТВ приемник со кабловски програм, мини бар, бесплатна интернет конекција, директна телефонска линија, клима уред, подно греење со посебна регулација на температурата, комплетно опремени тоалети,безбедносен систем, депозит сеф, клуч картичка, противпожарен алармен систем. Француски појадок(кафе,кроасан, џус, овошје) е вклучен во цената. Паркирање на платен паркинг и фитнес&бодибилдинг во фитнес клуб Фитформ се бесплатни. Обезбедени се и дополнителни услуги: вешерај, масажа, изнајмување лаптоп, туристички водич, такси, чамец, луксузен такси превоз. Доколку сакате да имате незаборавни, несекојдневни и опуштени мигови, повелете посетете ја Вила „ Мал Св. Климент“, каде ќе наидете на бепрекорна услуга, топол прием,љубезност и хигиена на највисоко ниво

Информации за сместувањето

Контакт инфо

Лице за контакт: VILA MAL SVETI KLIMENT

Телефон: 046-250-655 076-453-963 076-453-961

WEB: www.vilamalsvetikliment.com

E-mail: www.vilamalsvetikliment.com