iPult

Апартмани Марија

Цена: 750 ден.
Локација: Стар Град

Апартманите Mарија се лоцирани во центарот на Охрид веднаш до долна порта и се на 30 метри оддалеченост од градскиот плоштад и езерото. Со својата идеална местоположба овозможуваат пријатен и тивок одмор опкружен со историјата на градот, истовремено понудувајќи ги на дофат најдобрите ресторани во градот, старата чаршија и елитните кафе барови. Апартманите се во непосредна близина со повеќе значајни музеии, галерии, цркви како што е музејот - куќата на Робевци со извонредно вредна музејска поставка, куќата на Уранија, соборната црква Св.Софија во која ќе најдете едни од највредните фрескоживописи во православната црква. Пешки за 5 до 10 минути пешачење преку романтичниот мост на желбите можете да уживате во прекрасно уредената плажа Канео. На располагање се 2 апартмани - нова градба, секој поседува посебно купатило, тераса, ТВ со кабловска, фрижидер, греење и помошно легло. Може да се сместат 2 возрасни лица, помошното легло е соодветно како за деца така и за дополнително возрасно лице. Дополнително е на располагање уште еден апартман со посебно купатило, тераса, ТВ со кабловска, фрижидер и греење. За гостите е обезбедено бесплатно кафе. Цената на апартманите е од 10 ЕУР по лице надвор од сезона (Април-Јуни, Септември-Октомври) и 13 ЕУР по лице во сезона и во зима (Јули- Август, Ноември-Март).

Информации за сместувањето

Контакт инфо

Лице за контакт: Анита

Телефон: 071 27 22 20

WEB: http://apartmani-marija.mk/

E-mail: http://apartmani-marija.mk/