iPult

Апартмани Бобан

Цена: 2400 ден.
Локација: Центар

Вила Бобан е луксузно опремена Вила со 4 звезди лоцирана на само 5 мин. од центарот на градот,главниот пазар и езерото.Изградена е во 2010 год. во традиционален охридски стил а во својот состав содржи и на гостите им нуди најсовремени услови за одмор и релаксација каде што гостите ќе уживаат во секој поминат момент.Базенот за пливање,креветите за сончање околу нив и џакузите кои се во состав на луксузно опремената вила се сместени во прекрасно,професионално уредениот двор со зеленило,а истите нудат тотална приватност однадвор. Вилата располага со 5 луксузно опремени апартмани со сопствени купатила и еден penthouse апартман на две нивоа кој покрај купатилото има и приватна тераса од 20м2. Целата вила е уникатно декорирана со внимателно одбрани слики и антички намештај а сето тоа освежено со модерни и светли детали кои на гостите им даваат чувство на пријатен дом. Апартманите во својот состав содржат и: -анатомски душеци -перјани покривки и перници -мини бар -апарат за кафе -плазма HD телевизор -музички систем и ДВД -безжичен интернет во и околу објектот -клима уред -парно греење за во зимските услови -сопствени балкони -на секој спрат од вилата има по една кујна наменета за гостите. Целата вила како и приватниот паркинг е под 24 часовен видео надзор. По барање на гостите се служи доручек на шведска маса. Исто така гостите можат и да изнајмат од велосипедите кои се во сопственост на вилата или пак да одберат една од турите кои нашата вила им ги нуди на гостите(како на пример: туристички обиколки насекаде во Македонија или пак во соседните држави а сето тоа со придружба на туристички водич).

Информации за сместувањето

Контакт инфо

Лице за контакт: Tina

Телефон: (+389)78-509-252

WEB:

E-mail: