iPult

За iPult

Информативните пултови со екрани на допир се анти-вандал заштитени и самостојни уреди за надворешна или внатрешна употреба.Истите користат најмодерни технологии за презентирање на различни видови на информации во форма на текст,слики,анимации и видеа.

Со комбинација на можностите на различни видови на софтвер тие овозможуваат лесен пристап до информации за сите корисници со или без ИТ познавање.Информативните пултови со екрани на допир можат да се инсталираат на различни локации како аеродроми, автобуски и железнички станици и истите овозможуваат 24/7 пристап да информации.


"Dreams info pult" е софтверски пакет дизајниран специјално за овие уреди . Користејќи ги најмодерните технологии и спрема потребите на клиентите ние развивме графички интерфејс кој е лесен за користење, со површина доволно голема за прецизна и брза навигација низ информациите.

Со наједноставно притискање на навигацијата корисникот пребарува низ најразлични информации како производи,цени, сервиси. итн.

Што всушност претставува www.iPult.info

Овој веб портал претставува алатка за објавување на најразлични информации на информатичките пултови со екрани на допир.

Со регистрирање на овој портал овозможено е брзо објавување, ажурирање и бришење на објавените информации. Објавените информации се достапни до корисникот на информативниот пулт веднаш откако ке бидат одобрени од Администраторите.


Како и кога ќе знаете дека вашите информации се објавени ?

Со самото регистрирање и најавување на веб порталот вие пристапувате до вашиот личен администрациски дел во кој може во секое време да го видите статусот на вашата објава. Кога статусот од "Се разгледува" ќе се промени во "Одобрено" тогаш вашите информации се објавени.Истите може да ги видите во делот категории.

Исто така во овој дел може да вршите измена односно бришење на објавените информации. Доколку сакате да почнете со регистрација кликнете овде.